Жена од Хрватска која при расправија го пцуела сопругот пред детето, е осудена на условна затворска казна од 45 дена, а минала и 24 часа во полициски притвор.

Откако била приведена в полиција, таа веднаш е изведена пред судот за прекршоци, кој ја осудил на условна казна затвор од 45 дена. Таа се жалела, а повисокиот суд го вратил предметот на ново разгледување, но повторно ѝ е изречена истата казна, пренесува „Јутарњи лист“.

Доколку не сака да биде 45 дена зад решетки, хрватската државјанка не смее да го повтори тој прекршок следната една година.

Нејзиниот адвокат Бранислав Хајдуковиќ изјави дека поднел жалба на новата пресуда на Општинскиот суд во Нови Загреб. Тој смета дека немало основа ниту за нејзиното полициско приведување.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2021 12:01