Филмот „Војска на крадци“ (Army of Thieves) на Зак Снајдер ја симна серијата „Игри на лигњи“ (Squid Game) од бројот 1 меѓу најгледаните содржини на Нетфликс, по скоро еден месец доминација. Снајдер ја прослави веста на Твитер.

„’Армијата на крадците’ е број еден во повеќе од 90 земји“, напиша тој.

Заплетот на филмот, кој всушност е претпродолжение на „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на зомби-инвазијата во Лас Вегас. На ИМДБ, филмот засега има оценка 6,4 /10, а на страницата „Ротен томатос“, која собира мислења од филмските критичари, има 70 насто успешност.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2021 13:26