Државниот завод за ревизија ги известува сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) во Република Македонија кои имаат земено учество во медиумското покривање во вториот круг на изборниот процес за Локални изборите 2021 година дека се должни до 13 ноември 2021 година да поднесат Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа согласно одредбите од член 85-а од Изборниот законик.

Од ДЗР информираат дека образецот за извештајот е пропишан со Правилникот за образецот на извештајот за рекламен простор искористен од секој од организаторите на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по тој основ и е објавен на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти.

Извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа потребно е да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2, Палата „Емануел Чучков“ Скопје, или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно dzr@dzr.gov.mk испратен од емаил адресата на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронските портали) впишани во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) донесен од Државната изборна комисија.

Државниот завод за ревизија, за таа цел, информира дека на ден 13 ноември ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на истите на службената адреса на ДЗРdzr@dzr.gov.mk.

Согласно одредбите од член 189-а став 1 од наведениот закон, од ДЗР посочуваат дека пропишана е Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на радиодифузерот или печатениот медиум кој нема да поднесе извештај за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа, најдоцна 15 дена по денот на завршувањето на изборната кампања, како и глоба во износ од 500 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на одговорниот уредник.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2021 14:28