Според првичните резултати што половина час по полноќ ги објави Државната изборна комисија, од гласањето за вториот изборен круг, најмногу гласови добил Хекуран Дука, од ДУИ, подржан од СДСМ и коалицијата.

Од запишаните 19.211 лица со право на глас, на 27 гласачки места ова право го оствариле околу 45 отсто.

За Дука гласале 4291 или 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, подржан од ВМРО-ДПМНЕ гласале 4153 или 48,09 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2021 01:37