Од крајот на 1990-тите и почетокот на двеилјадитите, „Третиот камен од Сонцето“ беше една од најпопуларните хумористични ТВ-серии во светот.

Приказната е насочена кон четворица вонземјани – Дик, Хари, Сали и Томи, кои се испратени на земјата во човечки облик за да го проучуваат нашиот вид. Минаа 25 години од првата епизода, па главните глумци имаа свој собир, а Кристин Џонсон сподели и слика од сѐ тоа на Твитер.

На интернет се појави и видео од тимот, инаку составен од Џон Литгоу, Кристин, Френч Стјуарт и Џозеф Гордон-Левит.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2021 15:12