Од страна на судија во претходна постапка, на Основен суд Кавадарци, на 45-годишен кавадарчанец му е определена мерка притвор во траење од 30 дена за кривично дело „убиство”, по член 123 став 1 од КЗ, потврди за МИА, Лазар Нанев, претседател на кавадаречкиот суд.

Претходно, МВР информираше дека денеска околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23:30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59)од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37), А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2021 18:16