Денеска како што можете да забележите после 30 години на Речиште започнуваме со изградба на фекална канализација, проблем со кој што нашите сограѓани се мачеа изминативе 30-тина години, а беше приоритет, еден од приоритетите во нашата програма. Овдека денеска започнуваме со зафат кој што вклучува 1.100 метра фекална канализација, практично цел овој појас овде од околу над 200 домаќинства ќе бидат покриени и на тој начин ќе го решиме овој нивни долгогодишен проблем.

Дополнително за овој проект ние како општина издвоивме 17.5 милиони денари средства пари од нашите граѓани кои што ги насочуваме директно кон нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2021 15:33