Во знак на конструктивноста на идниот Совет на Град Скопје, граѓанските опозициски советници на ЛДП и ДОМ го поддржаа предлогот Трајко Славевски да биде избран за претседател на Совет на град Скопје.

- Очекуваме од Советот и Градоначалничката, во идните буџети и програми за работа да се земат во предвид и иницијативите, проектите и предлозите кои доаѓаат, покрај од советниците од советничкото мнозинство и од опозиционите советници кои добиле доверба да влезат во Советот на Градот Скопје. Од новиот претседател на Советот очекуваме истиот да го води во согласност со Законите, Деловниот и Статутот и да биде претседател кој ќе ги застапува сите советници. Очекуваме и отворен и транспарентен Совет и пренесување на седниците во живо, истакнаа од Либерално-демократската партија.

ЛДП им упати порака до советниците на Левица, доколку не е информиран Президиумот на нивната партија, тие го прифатија укажувањето на Министерството и ги потпишаа изјавите согласно Уставот и законите во државата и дадоа заклетва дека ќе го штитат уставниот поредок на Република Северна Македонија и на тоа остро реагираат „Сега или искарајте ги или искучете ги, ако сте принципиелни!“

Теодора Крстевска, советничка од ДОМ во Град Скопје на вели дека во интерес на конструктивната работа на советот, и поради фактот што проф. Славевски е докажан професионалец и човек со интегритет одлучиле да го поддржат. Како независен советник од опозицијата очекуваат дека ќе го води советот доблесно и чесно, вклучувајќи ги сите советници, независно дали се мнозинство или опозиција, а одлуките без исклучок ќе ги носи во интерес на граѓаните.

- Зад нас како движење Одлучно за промени, стојат гласовите на 10.000 скопјани кои веруваат и ја поддржуваат зелената политика, социјалната правда, и еднаквост, правото на еднакви можности, но уште повеќе желбата за квалитетен живот и чиста животна средина. Токму затоа, ќе се борам и очекувам програмата на зелената партија ДОМ да биде вклучена во идниот буџет на Град Скопје, истакна советничката Крстевска.

Од ЛДП и ДОМ очекуваат претседателот на советот, но и градоначалничката да ги повика сите советници независно дали се дел од мнозинството или опозицијата и независните советници од опозицијата, на координација, кога ќе се разгледува програмата и буџетот на Градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2021 21:53