Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.А.(70) од село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 24.09.2021, пријавениот фрлил цигара во нива обрасната со сува трева, при што настанал пожар во кој изгореле 5.000 бали сено, 20 дрвени маси, 80 дрвени столици, 20 тони жито, 20 дрвени оплати, машина за сечење железо и целосно изгорел кровот на штала.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2021 04:14