СДСМ ги одложи за вечерва закажаните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор поради деновите на жалост и несреќата што се случи во Бугарија кога во македонски автобус изгореа 46 патници, а неколкумина се повредени.

-СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци на ИО и на ЦО се одложени. Сочувство до семејствата и до целиот наш народ, посочуваат од СДСМ.

Нема информација кога ќе се одржат овие состаноци, на кои, како што беше најавено, се очекуваше претседателот на партијата Зоран Заев да поднесе оставка на оваа функција и да почне да тече рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов лидер.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2021 16:02