Американската глумица Сандра Булок ги коментираше гласините за врска со Кијану Ривс во интервју за „Есквајер“ (Esquire)… Имено, тие се запознале на снимањето на акциониот филм „Брзина“ (Speed) од 1994 година, а во 2006. глумеа како двојка и во филмот „Куќа на езерото“ (The Lake House).
Имаат и заеднички пријатели и ист агент. Поради оваа причина, Булок и Ривс често се среќаваат на холивудските забави, каде што се забавуваат и се дружат. Па така, не се изненадувачки гласините за романтична врска меѓу нив…
Прашана дали навистина имало нешто повеќе од работата и пријателството, Сандра Булок решително вели – не!
Според глумицата, ова „нешто повеќе“ би го уништило „нивното големо пријателство“. Сепак, таа не ја исклучи можноста да има романса во иднина…
– Кој знае!? Кијану е човек кој, мислам, е пријател со секоја жена што ја запознал. Мислам дека нема некој што би рекол нешто страшно за него. Па можеби би го преживеале и тоа… Не знам, вели таа.
Булок додава дека Ривс е човек кој знае да слуша и има добри сеќавања за него. Поради негго, на пр., околу една година по „Брзина“, таа првпат пробала шампањско и чоколадни тартуфи.
Од 2019 година, Кијану Ривс се гледа со уметницата Александра Грант. А, Сандра Булок претходно беше в брак со ТВ-водителот Џеси Џејмс, од кого се разведе во 2010., по пет години брак, поради неговите неверства.