Извршниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, на состанокот на Управниот одбор на овоа тело изјави дека преговорите во Техеран од оваа недела за иранската нуклеарна програма не дале резултати.

Гроси во вторникот се врати од Техеран, каде се сретна со шефот на Иранската организација за атомска енергија и иранскиот министер за надворешни работи.

Тој се обиде да постигне договор за повторно поставување на камери на четири агенции на ОН во фабриката за изработка на центрифуги за ураниум во местото Караџ, која претходно беше цел на саботажа.

Британските медиуми пренесуваат дека Гроси во Виена се врати без никаков напредок во преговорите, што, пак, го продолжува спорот во односите меѓу Техеран и Западот на само неколку дена пред продолжувањето на индиректните преговори меѓу Исламската Република и САД за обновување на договорот од 2015 година, закажани за 29 ноември.

-И покрај моите најдобри напори, залудни беа опсежните преговори и дискусии за решавање на најважните безбедносни прашања и деталите од двата извештаи, рече Горси на состанокот на Управниот комитет на 35 земји членки на МААЕ.

Спорот за фабриката во Караџ е само едно од низата прашања што ги затегаат односите меѓу Иран и МААЕ и ги налутија западните сили, кои инсистираат Техеран да направи отстапки.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2021 12:30