Појавата на темни линии кај ноктите може да биде симптом на постојано покачено ниво на холестерол во крвта, пишува британски „Дејли експрес“, повикувајќи се на стручњаци од Американската академија за дерматологија.

Според наводите, ваквите дамки ги има на рацете, како и на стапалата. Тие се појавуваат кога малите крвни садови се оштетени и напукнати, оставајќи мали „крвни дамки“ кои се гледаат низ ноктот. Овие точки на крварење обично не предизвикуваат физичка болка. Врската меѓу нив и покачениот холестерол е докажана во многу трудови од медицинската литература.

Во последниот напис, се нагласува дека при појава на вакви симптоми треба навремено да се консултира лекар, бидејќи високото ниво на холестерол е опасно и поради можноста тоа да е признак за срцеви заболувања. Во зависност од делот од телото, блокирањето на крвните садови може да предизвика мозочен или срцев удар.

Темните линии може да значат и ендокардитис – воспалителна срцева болест, или пак, васкулитис, што е, исто така, оштетување на крвните садови, додаваат лекарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2021 11:35