Трките од Светското првенство во Формула 1 во Каталонија ќе останат во календарот се до 2026 година, откако раководните луѓе на натпреварувањето го продолжија денеска договорот со патеката Сиркуит де Барселона – Каталуња.

Продолжувањето на договорот вклучува подобрување на условите на патеката и придружните објекти пред следната трка на оваа патека закажана за 22 мај идната година.

– Екипите и возачите се среќни секој пат кога доаѓаат во Барселона, изјави генералниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Патеката во Барселона, со капацитет да прими 131.000 гледачи, се користи за трките во Формула 1 од 1991 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2021 15:01