Сè уште чувствувајќи последици од неодамна прележаниот Ковид-19, Марк Вилијамс – трикратен светски шампион во снукер, заспа на столче на натпревар на едно од најпрестижните натпреварувања во овој спорт.

– Главата ми падна, се разбудив и немав поим каде сум, изјави Вилијамс по поразот од Ентони Хамилтон на Британското првенство вчеравечер.

– Јас сум професионалец 30 години и ова ми е првпат да заспијам. Тоа нема никаква врска со Ентони, едноставно не се чувствувам добро, нагласи тој.

Вилијамс заспа на стол при неговото водство од 3:2, а на крајот загуби со 6:5. Како што рече, тој се чувствува „скршен“ затоа што многу брзо се вратил на својот терен, иако во октомври се заразил со коронавирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2021 14:21