Членот на претседателството на Алтернатива Фатон Фазлиу ѝ испрати порака на Алијансата на Албанците дека ако собере 57 потписи, четворицата пратеници на Алтернатива ќе бидат за пет минути во Собранието. Тој дополнува дека не би барале ниту министер, бидејќи, како што вели, целта е да се формира Влада без ДУИ пренесе ТВ 21, како и весникот на албански јазик „Лајм“ во својата информација со наслов „Алтернатива ѝ порача на Алијансата на Албанците: соберете 57 потписи, Алтернатива за пет минути ќе ја урне Владата!“

Кога ќе имате 57 пратеници, четворицата пратеници на Алтернатива ќе ги имате таму, во Парламентот, за пет минути. Се дотогаш ќе примаме критики само од нашите искрени другари од Алијансата на Албанците, кои се покажуваат како конструктивни, бидејќи знаат добро каква е реалноста. Не ги прифаќаме критиките од оние што самите си ги грабнуваат пратениците една ноќ пред да падне Владата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 02:40