Вечерва од 20 часот Биг бендот на Здружението на џез музичари во Филхармонија ќе свири музика на легендарниот и авангарден музичар Френк Запа. Диригент на концертот е Австриецот Зиги Вајгл.

Френк Запа претставува една од најкарактеристичните музички фигури кои го одбележаа 20-тиот век и се смета за еден од најиновативните и стилски најразновидните музичари на неговата генерација. Тој е американски музичар, композитор, текстописец и водач на бенд чија работа се карактеризира со нонконформизам, импровизација во слободна форма, звучни експерименти, музичка виртуозност и сатира на американската култура.

Во својата кариера, долга повеќе од 30 години, Запа компонира во рамките на рок, поп, џез, џез- фјужн музика, создава оркестарски и Musique concrète дела (музика која користи снимени звуци од природата) и ги продуцира речиси сите, повеќе од 60, албуми издадени со неговиот бенд Mothers of Invention и како соло уметник. Тој, исто така, режирал долгометражни филмови и музички спотови, и дизајнирал корици на албуми.

Запа накратко експериментирa со биг бендови во раните 70-ти и повторно за време на неговата последна турнеја во 1988 година, но неговата музика совршено с адаптира за биг бенд изведба.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 10:24