Во организација на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска ќе се одржи конференција на тема „Меѓу извештаите, напредокот и усогласеноста – како до суштински квалитетен процес на усвојување на acquis на ЕУ“.

Настанот има цел да обезбеди дијалог на професионално ниво за добрите практики, слабостите и предизвиците во процесот на усвојување на acquis на ЕУ, да ги идентификува факторите кои влијаат на динамиката и квалитетот на усвојување на acquis на ЕУ и да даде препораки за унапредување на содржината и механизмите на процесот на пристапување кон ЕУ.

На овој настан ќе биде презентирана деталната анализа на ЕПИ на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Македонија за 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 11:06