Русија денеска објави дека започнала редовни зимски воени вежби во нејзиниот Јужен воен округ, што делумно се граничи со Украина.

Според руското Министерство за одбрана, околу 10.000 војници се прераспоредени во областа на маневрите, кои ќе го опфатат и анектираниот Крим и териториите долж отцепените „народни републики” во источна Украина.

„Зимските вежби со учество на моторизирани пешадиски единици ќе се одржат на повеќе од 30 полигони во најмалку шест различни области”, соопшти Министерството.

Претставниците на САД, НАТО и Украина со недели предупредуваат за можен нов руски напад врз Украина, наведувајќи го невообичаеното движење на руските војници долж украинската граница. Москва ги отфрла овие наводи.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 13:45