Глобалната трговија би можела да забави во 2022 година, по рекордното високо ниво оваа година, бидејќи закрепнувањето на економијата од корона кризата е загрозено од прекини во синџирот на снабдување и инфлаторни притисоци, предупреди УНКТАД.

Вредноста на размената ќе биде за 11 отсто повисока оваа година во споредба со пред-пандемијата 2019 година, пресмета УНКТАД во извештајот објавен денеска. Во однос на лани ќе се зголеми за 23 отсто.

„Позитивниот тренд во меѓународната трговија во 2021 година во голема мера е резултат на силното закрепнување на побарувачката благодарение на државната помош во период на ограничувања на пандемијата, стимулативните пакети за економијата и зголемувањето на цените на суровините“.

Во 2022 година, растот на трговијата може да го загрози забавувањето на економскиот раст поради зголемувањето на цените на суровините и зголемените инфлациски притисоци, но и нарушувањата во синџирите на снабдување кои влијаат на многу економии, вклучително и оние во ЕУ.

„Овие нарушувања би можеле негативно да влијаат на потрошувачката на домаќинствата и на крајот да се манифестираат во трговската статистика и за следните квартали“.

Меѓу ризиците го издвојуваат недостатокот на полупроводници, но и геополитичките фактори, меѓу кои и регионализацијата на трговијата.Трговијата со стоки оваа година порасна значително посилна од трговијата со услуги и се очекува да достигне рекордни 22 трилиони долари, проценува УНКТАД.

Трговијата со услуги, од друга страна, се проценува дека ќе остане малку под нивото пред пандемијата на околу 6.000 милијарди американски долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 15:18