Министерот за здравство на Австрија, Волфганг Микштајн, потврди дека поради големиот број хоспитализирани од коронавирусот, во болниците во таа земја веќе се врши тријажа на пациенти.

Тој во Парламентот истакна дека не се одложуваат само помалите операции, туку и операциите на болните од рак.

Според него. лекарите треба да одлучат кој пациент ќе добие кревет на интензивна нега, бидејќи тие одделенија се преоптоварени.

Заклучувањето, вели тој, во меѓувреме почна да функционира, но бројот на новозаразени е сè уште на многу високо ниво, а состојбата во болниците е драматична.

– Одделите за интензивна нега за време на пандемијата никогаш не биле полни како денес, нагласи Микштајн.

Министерот посочи дека пополнетиот капацитет на интензивна нега, со 624 пациенти, очевидно го надминала нивото од 30 проценти.

Микштајн очекува во следните две недели капацитетите дополнително да се преоптоварат.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 15:30