Од денеска во наредните три дена, талентирани ученици од делчевските училишта заедно со штитеници од Дневниот центар ќе ги учат тајните на сликарството во рамки на Ликовната работилница што се реализира како дел од настанот Денови на хуманост.

Во работилницата, како што додадоа од Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, активно се вклучени 16 ученици и три лица од Дневниот ценатр за лица со посебни потреби.

– Стручни соработници се Александар Белогаски и Благица Стојановска, а примарната цел на активноста е интеграција и дружење на учесниците, но и создавање ликовни творби со посебен акцент на техниките на сликарството, додадоа од Центарот за култура.

Творбите од работилницата ќе бидат изложени по завршување на работилницата.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 16:44