Европската комисија денеска ја објави новата европска инвестициска стратегија „Глобал гетвеј“, која ќе финансира проекти од областа на зелената и дигиталната транзиција, енергетската и транспортната инфраструктура, како и зајакнување на областите – здравство, образование и истражување.

Планирано е „Глобал Гејтвеј“ до 2027 година да мобилизира до 300 милијарди евра за европски инвестиции во светот.

ЕК соопшти дека почеток на инвестициската стратегија на ЕУ е Економскиот инвестициски план за Западен Балкан од 30 милијарди евра.

– Глобал Гејтвеј треба да ја промени тешката ситуација во нашето непосредно соседство и да ги покаже своите резултати за време на мандатот на оваа Комисија. Луѓето, стоките и услугите ќе се движат побрзо и поевтино, нагласи еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Тој додаде дека предвидено е Западен Балкан да добие пакет грантови и заеми од приближно 30 милијарди евра, што е речиси една третина од вкупниот бруто домашниот производ на регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 16:52