Основните училишта од општина Гевгелија, од кои две се наоѓаат во градот и по едно во населените места Негорци и Миравци, од Министертвото за образование и наука ќе добијат нови наставни средства што им се потребни за реализација на наставата од областа на природните науки.

Доставата на наставните средства од страна на ресорното министерство ќе се врши етапно во периодот од 29 ноември до почетокот на месец март, потврдија денеска од службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.

Од основното училиште ,,Владо Кантарџиев“ од Гевгелија денеска информираа дека кај нив веќе пристигнала првата достава на дел од наставните средства кои во наведениот временски интервал ќе им бидат испорачани и на останатите основни училишта на територијата на општина Гевгелија, со цел да се унапреди образовниот процес при изучувањето на природните науки. им/цр



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 17:08