Албанските граѓани помлади од 19 години добиле најголем број од дозволите за престој што ги издаваат земјите-членки на Европската унија, за државјани кои не се членки на ЕУ, а рекордот го држат деца помали од 4 години.

Според податоците на Евростат во 2020 година се издадени вкупно 19,5 илјади дозволи за престој од семејни причини за албански државјани, во една од земјите на ЕУ.

-Од нив, 52 отсто биле на возраст под 19 години, за разлика од претходната година кога тој процент изнесувал 48. Околу 30 отсто од вкупно издадените дозволи биле за деца под 4-годиншна возраст, што е показател дека земјата ја напуштаат главно млади семејства, наспроти претходната година кога беше 24 отсто, наведува во својата анализа весникот Монитор”.

Додава дека Италија, Грција и Германија издале најголем дел од дозволите за деца под четиригодишна возраст.

Италија и Грција се традиционални дестинации за албанските имигранти, додека Германија станува најпосакувана дестинација во последниве години, главно „поради тоа што во земјата со најголема економија во Европа заминуваат лица со работни дозволи”.

Албанија е втора во Европа по бројот на децата под 15-годишна возраст кои добиле дозвола за престој, со 18 отсто од вкупно издадените дозволи. Прва е Украина со 19 отсто, трето е Косово со 11, Русија исто така со 11 по што следува Босна и Херцеговина со 10 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 02:28