Во Албанија годинава регистрирани се 91 случај со ХИВ/СИДА. Половина од нив се на возраст од 25 до 45 години додека осуммина се под 25-годишна возраст.

– Меѓу новозаразените е и едно дете кај кое вирусот е пренесен од неговата мајка. Сакам да ја нагласам загриженоста поради задоцнетото дијагностицирање и неискористувањето на можноста на бесплатно тестирање, рече координаторот на националната програма, Роланд Бани.

Првиот случај во земјата е потврден во 1993 година и до сега регистрирани се 1.493 случаи, од нив 70 отсто мажи. Сепак, се стравува дека вистинската бројка на заболени е многу поголема, бидејќи не се вршат навремени контроли.

– Доколку сте имале сексуално искуство со сомнително лице или сте користеле дрога направете тест за ХИВ вирус, апелира на Бани до граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 03:31