Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, информираат утрово од ЈП Македонија пат.

Оттаму посочуваат дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира до учесниците во сообраќајот на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 11:27