Велика Британија соопшти дека преговара за купување на уште 114 милиони дози вакцини на Фајзер/Бионтек и на Модерна против Ковид-19.

Британските власти истакнаа дека е забрзано склучувањето на договорите поради појавата на новиот сој Омикрон.

Договорот предвидува следната година и во 2023 година Велика Британија да добие уште 60 милиони дози од вакцините на Модерна и 54 милиони од на Фајзер.

Британското Министерство за здравство истакна дека договорите, исто така, вклучуваат пристап до модифицирани вакцини во случај да се потребни за борба против сојот Омикрон или која било друга варијанта на вирусот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 13:07