Народната банка објави повик за пријавување трудови за 41. сесија на Клубот на истражувачите, што ќе се одржи на 22 декември. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 7 декември.

Трудовите, како што посочуваат од Народната банка, треба да бидат изработени согласно трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, додаваат, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

– Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, појаснуваат од Народната банка.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 13:18