Министерот за правда Бојан Маричиќ денес е во дводневна посета на Република Словенија, каде ќе учествува на ЕУ-Западен Балкан министерскиот форум за правда и внатрешни работи, кој ќе се одржи во Брдо – Крањ.

На Форумот, којшто се одржува за време на словенечкото претседавање со ЕУ и кој ќе ги собере министрите за правда од ЕУ и Западен Балкан, ќе се разговара за владеењето на правото и реформите во судството, дигитализација на судството, како и за приоритетите на претстојното француско претседателство со ЕУ.

На овие теми министерот за правда ќе земе учество во две работни сесии.

Во рамките на својата агенда на Форумот во Брдо – Крањ, министерот за правда ќе оствари неколку билатерални средби, и тоа со колегите министри за правда на Словенија и Србија и со потпретседателот на Европравда Боштјан Шкрлец.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 13:33