Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) денеска соопшти дека уапсила тројца украински шпиони, од кои едниот подготвувал „напад” со експлозив.

ФСБ не кажува во кој дел од земјата и кога точно се уапсени наводните шпиони.

Според соопштението, двајцата уапсени „пристигнале во Русија за да соберат информации и да фотографираат витални стратешки објекти и транспортна инфраструктура”.

Во возилото што го користеле пријавените било пронајдено оружје и опрема за лична заштита.

ФСБ тврди дека двајцата уапсени биле регрутирани од украинската безбедносна служба СБУ за 10.000 американски долари. Третиот наводен агент е уапсен со две импровизирани експлозивни направи што одговараат на експлозив од 1,5 килограми ТНТ. Тој илегално ја преминал руската граница, се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 14:42