Со поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација на кружниот тек на влезот и излезот во и од Неготино, комплетно се финализираа работите на овој проект, информираат денеска од неготинската локална самоуправа.

Стручните служби при локалната самоуправа истакнуваат дека со поставувањето на сигнализацијата, протокот на возила ќе се одвива побрзо и побезбедно, а тоа пак значи зголемена безбедност во сообраќајот за сите моторизирани граѓани, како и за пешаците.

– Уште повеќе, ако се има предвид фактот дека во близина е и СОУ „Свети Кирил и Методиј“, каде што настава посетуваат ученици кои се движат токму на оваа локација, нагласуваат од Општина Неготино.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 14:45