Во Федерацијата БиХ не е постигнат договор по серијата неколкучасовни разговори во изминатите три дена за промени во изборното законодавство на меѓународните претставници со политичките лидери.

Специјалниот претставник на САД задолжен за изборниот закон во БиХ, Метју Палмер очекува договор да биде постигнат до крајот на годинава. Во изјава за Ал Џезира Балкан, Палмер рече дека сега партиите знаат што е на маса и дека треба „сериозно да ја сфатат работата”.

Лидерите на партиите во БиХ разговараа за изборната реформа со Палмер и со директорката на службата за надворешни работи на Европската унија, Анџелина Ајхорц.

Палмер повтори дека БиХ ја има целосната поддршка од САД.

„Сигурни сме дека ова е можност да се позанимаваме со изборните реформи и ограничените и насочени промени на Уставот (БиХ). Тие реформи би ја зајакнале институционалната рамка на Босна и Херцеговина и изборите во есента следната година би биле потранспарентни и поодговорни, а граѓаните на Босна и Херцеговина би биле сигурни дека нивниот глас се брои и дека ќе се одрази на државните институции”, изјави Палмер.

Ајхорц пак изјави дека „се уште е рано за договор”, но дека активно се работи на тоа



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 15:22