Албанскиот премиер Еди Рама одговори на критиките дека „Отворен Балкан“ и служи на Србија, велејќи дека Албанија може да го зголеми домашното производство за 6,7 отсто.

Тој рече дека „Отворен Балкан“ е иницијатива на Србија, но им служи подеднакво на сите земји учеснички. Опозицијата постојано ја критикуваше иницијативата „Отворен Балкан“, велејќи дека таа и служи на Србија повеќе отколку на Албанија.

Рама на денешната пленарна седница на парламентот одговарајќи на прашања на пратеникот Тритан Шеху рече дека од оваа иницијатива Албанија ќе има директна корист, за разлика од „Балканскиот процес“ или другите европски иницијативи каде што договорите се потпишуваат на хартија, но не се конкретизираат во пракса.

-Во однос на обврските во рамките на заедничкиот регионален пазар, Албанија одигра проактивна улога. Албанија е една од земјите кои ги почитуваа и ги уапредија сите нерешени договори на заедничкиот пазар. Но, невозможно е нашата работа, нашите интереси да ги извршуваат други, кои се наши сојузници или партнери, но кои имаат многу други работи за нивните земји. Тие не можат да се занимаваат со менаџирање на нашите земји. Од еден до друг самит имаме празнина, бидејќи она што е потпишано таму останува неспроведено, рече Рама.

Идеите се исти, вели Рама, но се менува начинот на кој ги постигнуваме зацртаните цели. Со „Отворен Балкан“, според него, Албанија ќе има директна корист и ја зголемуваме економијата на државата.

-Еве седум години сè уште немаме заеднички европски пазар. Клучот е имплементацијата. Немаме процес следен во реално време од државите, што го овозможува отворениот Балкан. Можеме да постигнеме 6,7 отсто зголемување на вкупното производство во земјава. Зошто да бидеме лишени од ова? Еден од новите извори на економски раст е токму регионалната соработка, посочи Рама.

Топ чанел наведува дека албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев на 29 јули потпишале заедничка изјава, која се заснова на 4-те големи слободи на соработка во западниот свет: слобода на движење, стоки, капитал, луѓе и услуги.

-Во меѓувреме, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина одбија да бидат дел од оваа иницијатива, дури и по повиците за соработка, наведува Топ чанел.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 15:28