Без вода денеска ќе останат корисниците на дел од улицата „Орце Николов“ и на дел од булеварот „3-та Македонска бригада“.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, е поради дефект на приклучна цевка од ¾ на ул.Орце Николов бр.147, како и уличен дефект Ф-150 мм на булевар „3-та Македонска Бригада“ раскрсница со „Коста Абрашевиќ“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 16:07