Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи посета на фирмите кои имаат договор со општина Гази Баба за зимско оддржување, со цел да ја утврди подготвеноста на фирмите за справување со предизвиците кои следуваат во зимскиот период.

За посетата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

"Денес направив посета на фирмите кои имаат склучени договори за зимско оддржување на територија на општина Гази Баба.

Посетата беше со цел да направиме контрола за подготвеноста на фирмите за справувањето со предизвиците кои ги носи зимскиот период.

Добив уверување дека фирмите се подготвени за зимското оддржување и дека ќе има навремена реакција на терен."



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 02:28