Шанса за Центар повторува уште еднаш дека ставовите на Јана Белчева Андреевска се ставови на сите нас, а дека индивидуализирањето на нападите е крајно недолично.

Ја информираме јавноста дека обвинувањата на дел од жителите на Ново Маало насочени кон неа ги сметамe за крајно тенденциозни, лажни и поттикнати од други субјекти, кои манипулираат и со системот и со засегнатите жители на Ново Маало.

Таа нема апсолутно ништо со посочената парцела која спаѓа во ДУП донесен во 2013, а во време кога немала мандат во Советот. Овој план не спаѓа во плановите кои биле под мораториум донесен по основ за неусогласеност со ГУП 2012, и по направена анализа од стручна комисија на општината.

Посочената парцела никогаш не била во нејзина лична сопственост, ниту во нејзиниот мандат претрпела било какви промени на параметрите за градба. Од пред пандемијата парцелата е во сопственост на трети лица.

Шанса за Центар



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 02:31