Непознатиот за јавноста, Властимир Алексовски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ Денеска до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски, информираат од партијата СДСМ преку писмено соопштение.

Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата. Секако, ова се однесува на сите поднесени кандидатури“, додаваат во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 03:56