Австрискиот канцелар Александар Шаленберг денеска изјави дека се повлекува од функцијата, на помалку од два месеци по преземањето на должноста и неколку часа откако неговиот претходник, Себастијан Курц, кој е опфатен во истрагата на државното обвинителство за коруптивни скандали, го соопшти своето заминување од политиката, јави ДПА.

Оставката на конзервативниот политичар Шаленберг најавува сериозни превирања во врвот на австриската политика, а особено во конзервативната Австриска народна партија (ОВП).

Курц, кој е осомничен за корупција, претходно денеска изјави дека се повлекува од функцијата лидер на партијата и лидер на парламентарната група на ОВП.

OВП во моментов има кревка владина коалиција со Зелените.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 04:36