Официјални лица во Норвешка тврдат дека најмалку 50 луѓе во Осло биле заразени со новиот омикрон сој на коронавирусот.

Американските медиуми пренесуваат дека случаите се поврзани со неодамнешна божиќна прослава на една компанија во ресторан во Осло, изјавиле официјални лица.

Општина Осло преку соопштение наведува дека се очекуваат повеќе случаи.

Официјалните лица се обидуваат да ги откријат начините на пренесување на вирусот на посочената прослава.

Норвешкиот институт за јавно здравје соопшти дека пациентите живеат во Осло и околните општини.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 04:40