Премиерот Еди Рама ја прими третата доза вакцина против коронавирус, и упати апел до сите вработени во државната администрација да се вакцинираат бидејќи „ќе дојде денот кога нема да одат на работа“.

-Вработените во администрацијата треба да се вакцинираат затоа што може да дојде моментот кога треба да ги спречат да одат на работа без да имаат онлајн вакцинална картичка и да не добиваат плата од данокот на граѓаните, затоа што не сакаат да се вакцинираат. Исто така им порачувам на сите граѓани да се вакцинираат зашто може да дојде време да не може да влегуваат во маркети и продавници, на сите што имаат дуќани може да дојде време кога ќе им се затвори продавницата. Не разбирамм зошто некој не сака да се вакцинира, особено денес кога цел свет е загрижен поради новата варијанта, кога сигурно е дека вакцината заштитува, рече Рама.

Премиерот понатаму ги повика луѓето да и веруваат на науката, а не на онлајн заблудите, додавајќи дека „вакцината не ве штити од инфекција, туку од смрт“.

Вчера комитетот за справување со пандемијата одлучи вакцинацијата, освен за здравстените, просветните и универзитетски работници и студентите, задолжителна да биде и за вработените во јавната администрација, во супермаркети и трговските центри.

Исто така од денеска забранет е влез на странски државјани од земјите на Јужна Африка, во период од три недели а за албанските граѓани кои пристигнуваат од таму задолжителен е 14-дневен домашен карантин



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 12:01