Партиите на власта во Србија на републичко ниво, меѓу партиски определените граѓани, имаат поддршка од околу 55 отсто од гласачите, додека околу 45 отсто од гласачите се за опозицијата. Во Белград опозицијата има 54 отсто поддршка, додека 46 отсто се за коалицијата околу владеачката Српската напредна партија (СНС).

Презентирајќи го истражувањето на Демостат, социологот Среќко Михајловиќ изјави денеска дека, гледано поединечно, со околу 55 отсто поддршка на државно ниво, најсилна е коалицијата околу Српската напредна партија.

Коалицијата на опозициските партии Партијата за слобода и правда (ССП), Демократската партија (ДС), Народната партија (НС) и Движењето на слободни граѓани (ПСГ) може да смета на околу 16 отсто од гласовите, додека таканаречената Зелено-левичарска коалиција (Да не го давиме Белград, Небојша Зеленовиќ и Александар Јовановиќ Чута ) има околу девет проценти поддршка.

Доколку дејствува заедно, коалицијата на Демократската партија на Србија (ДСС) и ПОКС ќе има околу седум отсто од гласовите, а Движењето Двери и Заветници заедно пет отсто, додека останатите партии заедно би имале осум отсто.

Кај определените граѓани, во Белград опозицијата има 54 отсто поддршка, додека 46 отсто има за СНС и Социјалистичката партија на Србија (СПС) .

Тој додаде дека предноста на опозицијата во Белград не значи дека ќе ја освојат власта, исто како и на републичко ниво, дека предноста на коалицијата околу СНС не мора да значи дека тие ќе ја задржат власта.

-Ова не е прогноза за изборна победа на опозицијата во Белград или на владејачката партија на државно ниво. Има уште многу да се дојде на власт, живееме во земја во која се е можно и ништо не е невозможно. Имаме уште 100 дена до изборите, кажа тој.

Говорејќи за расположението на граѓаните, Михајловиќ рече дека мнозинството граѓани на Србија сметаат дека нема големи животни проблеми.

Во Србија на 3 април ќе се одржат редовни претседателски и вонредни парламентарни избори, како и избори за градот Белград.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 14:47