Театарскиот фестивал „Ускана фест“, кој за прв пат годинава ќе се одржи во Центарот за култура во Кичево и на кој вечерва требаше да се одигра претставата подготвена од страна на Тетовски Театар се одложува за недела, 5 декември.

– Поради добро познатите причини по сообраќајката што се случи во Бугарија со голем жртви државјани на РСМ, одлучено е почетокот на фестивалот наместо вечерва да започне на 5-ти декември, недела. Како што беше најавено театарскиот фестивал „Ускана фест“ ќе го отвори Тетовски Театар со претстава „Страст и алчност“, рече режисерот и организатор на овој театарски фестивал Раим Рамадани.

Посочи дека не е исклучена можноста еден од театрите кој беше најавен во програмата да го откаже своето учество на театарскиот фестивал, а во тој термин можно е да се појави на сцената друга театарска група со друга претстава.

Остануваат на сила протоколите за заштита од Ковид 19 и ќе се применуваат за цело време на фестивалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 15:35