Легендарниот фудбалер на српскиот фудбалски клуб Партизан од времето на поранешна Југославија, Момчило Вукотиќ почина на 72-годишна возраст од рак на грлото, соопшти денеска белградскиот клуб.

– Беше еден од најголемите и така засекогаш ќе остане. Легендите никогаш не нè напуштаат, остануваат да живеат во нашите срца, гордо и со љубов која ја пренесуваме од генерација на генерација. Вечна ти слава. Твојот Партизан, објави клубот по повод смртта на Вукотиќ.

Тој го носеше дресот на „црно – белите“ од Белград од 1968 до 1978 и од 1979 до 1984 година и е втор фудбалер според бројот на настапи за Партизан во клупската историја.

За репрезентацијата на поранешна Југославија одигра 14 натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 15:36