Наспроти шпекулациите дека би можел да седне на клупата на хрватскиот шампион Динамо Загреб, 60-годишниот фудбалски стратег Матјаж Кек го продолжи договорот со Фудбалската федерација на Словенија и останува селектор до завршувањето на квалификациите за ЕУРО 2024.

– Матјаж Кек ќе ја предводи словенечката репрезентација и во следниот циклус на Лигата на нации на УЕФА и квалификациите за Европското првенство во 2024 година, објави Словенечката федерација.

Кек ја предводеше Словенија од 2027 до 2011 година, а на селекторската клупа повторно седна на крајот од 2018 година



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 03:40