Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека видеоразговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се одржи по патувањето на рускиот лидер во Индија, планирано за следната недела.

Јуриј Ушаков не прецизираше кога точно ќе се одржи видеоповикот меѓу двајцата претседатели, велејќи дека сè уште се работи на последните детали за разговорите.

– Состанокот ќе се одржи за неколку дена. Веќе имаме конкретен датум и време за видеоконференцијата. Но, подобро е да се почека сите подготовки да бидат целосно договорени со американската страна. Тогаш ќе имаме можност да излеземе со официјално соопштение, рече Ушаков.

Тој рече дека двајцата лидери ќе разговараат за напредокот во спроведувањето на договорите кои двајцата ги постигнаа во Женева во јуни, за „незадоволителните“ билатерални врски, „Авганистан, Иран, Либија, кризата во Украина и дијалогот за стратешка стабилност“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 04:38