Неколку европски земји работат на отворање на заедничка дипломатска мисија во Авганистан, што ќе им овозможи на нивните амбасадори да се вратат во земјата, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Западните земји размислуваат како да се однесуваат со талибанците откако тие ја презедоа власта во Авганистан во август, додека силите предводени од САД го завршуваа своето повлекување.

САД и другите западни земји ги затворија своите амбасади и ги повлекоа дипломатите откако талибанците го окупираа Кабул, по што екстремистите прогласија преодна влада чии највисоки членови се под санкции на САД и ОН.

– Размислуваме за организација меѓу неколку европски земји … заедничка локација за неколку Европејци, што ќе овозможи присуство на нашите амбасадори, изјави Макрон во Доха пред да замине за Џеда во Саудиска Арабија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 13:31