Новогодишни украси од гипс изработуваат лица со попреченост од неготинска „Порака”, информираа денеска од Здружението, соопштувајќи за бројните активности кои ги имаат нивните штитеници во Дневниот центар и станбените единици за живот со поддршка.

– Како и секогаш досега, овие лица ја покажуваат и докажуваат својата способност. Тоа значи дека и тие имаат таленти, можат да вложат максимум од себе, само треба да им се даде шанса. Во овие активности наидовме на поддршка и од вработени и дечиња од градинката, како и од вработени и ученици во основно училиште. Имено, како општествено одговорни и со заложба за инклузивно општество, тие купија од нашите украси. Дополнително, најмладите и основците ги обоија тие украси со својата креативност и им дадоа една нова димензија, појаснија од „Порака”.

Здружението, како што беше речено, години наназад се труди да им помогне на лицата со попреченост и нивните семејства.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 13:47