За подобри резултати во спортот, неопходни се вложувања во развојот на спортот и спортската инфраструктутра, е заклучокот од средбата на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со раководствата на трите фудбалски клубови од Драчево.

Тие ги презентирале своите планови, потреби, но и очекувањата кои ги имаат од ФК „ССК”, ФК „Партизан Фудбал Кидс” и ФК „Драчево Јуниор” во претстојниот период.

Градоначалникот Ѓорѓиевски, како што соопштија од локалната самоуправа, им дал уверување дека фудбалските клубови ќе ја имаат поддршката од Oпштината и оти активно ќе се работи во обезбедување на потребните услови.

– Наша обврска како локална самоуправа, но пред се’, желба, е да инвестираме во развој и етаблирање на спортот во општината. При средбата со раководствата на трите фудбалски клубови од Драчево, сакав да ја видам целосната слика, во прво лице да слушнам што им е потребно, да се информирам за нивните барања и цели. Ги уверив дека можат да сметаат на мојата поддршка како градоначалник и дека во периодот што следува Општина Кисела Вода активно ќе работи на унапредување на спортската инфраструктура, на реновирање и одржување на фудбалските терени, на обезбедување финансика поддршка на клубовите со цел да се овозможи нивно непречено, континуирано работење, рекол Ѓорѓиевски..

На средбата, градоначалникот Ѓорѓиевски нагласил дека спортот е основа за здрав живот и психо-физички развој кај младите лица, па затоа смета дека инвестирањето во неговиот развој и омасовување е неопходност и ќе биде негов врвен приоритет.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 14:25