Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервјуто за Радио телевизија Словенија истакна дека во овој момент е потребен силен ангажман од сите за брзо отпочнување на преговорите со Европската Унија.

-Важно е час поскоро да се почнат преговорите со ЕУ. Наша должност е да работиме на решавањето на проблемот со Бугарија. Од наша страна има подготвеност, но тоа треба да се базира на меѓусебна почит и европските вредности, рече Маричиќ.

Според него во интерес на и на ЕУ и на Бугарија и другите членки е датум за отпочнување на преговорите, затоа што во спротивност кредибилитетот на Унијата и нејзината политика, не само во нашата земја туку и на Западен Балкан, ќе биде ставен под знак прашање.

На прашањето за напредокот кој стои од Европската Комисија за Македонија, Маричиќ одговори:

-Владата и правосудните органи направија големи исчекори во правосудниот систем, спроведувајќи го прочистувањето на судството, со зајакнување на критериумите за избор и разрешување на судиите и обвинителите“, а ја истакна и важноста на Академијата на судии и јавни обвинители во враќањето на довербата кај граѓаните во судството.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 14:36